Бруксизам е парафункциона активност која подразбира стругање или стискање на забите во текот на денот или ноќта. Јачината на силите кои настануваат во текот на бруксизмот се многу појаки од обичното џвакање, затоа пациентите кои страдаат од бруксизам имаат последици на забите, потпорниот апарат и зглобовите.

Постојат 2 типа на манифестација на бруксизам:

Шкрупање или стругање на забите- тоа е хоризонтален облик каде постојат екстрмни хоризонтални движења кои предизвикуваат трошење на инцизалните рабови на предните заби и туберите на бочните заби. Ова доведува до намалување на вертикалната димензија на забите. Силите кои настануваат при овие движења се звучни.

Стискање или вертикални сили - кај нив постојат минимални движења каде што се троши лингвалната површина на горните предни заби и лабијалната страна на долните предни заби. Овие движења се беззвучни и нема намалување на вертикалната димензија.

Причини за бруксизам:

  1. Наследен
  2. Емоционален стрес
  3. Замор
  4. Нервози
  5. Психолошки проблеми
  6. Медицински проблеми
  7. Луѓе кои консумираат голема количина на алкохол, кофеин и никотин

Кои се симптомите?

Симптомите за бруксизам најчесто се занемарливи се додека стоматологот или партнерот не го воочии пациентот дека има бруксизам.

Најчести симптоми:

  • Преосетливи заби на дразба (топло-ладно, кисело – благо)
  • Болна во мускулите и згобовите во утринските часови
  • Болка и нелагосност при џвакање
  • Предните заби се потенки и транспаретни
  • Сите заби се во линија (изгубена е морфологијата на забите)
  • Кршење на пломби и порцелански коронки
  • Чести главоболки

Доколку бруксизмот не се третира на време, трошењето на забите доведува до целосно губење на загризот и промена на физиономија на лицето, а се појавуваат болки во зглобовите и мускулите. Прекумерната сила на бруксизмот доведува и до видливи промени на забите – намалена висина (должина) каде што дентинот станува видлив и забите се чувствителни на дразби. Понекогаш е потребен и ендодонтски третман.

Терапија за бруксизам

Терапија за бруксизмот е главно симптоматска за да се намали стресот кој е главен причинител за бруксизмот. Во нашата ординација се изработуваат NIGNT GUARD, ОКЛУЗАЛНИ СПЛИНТОВИ ИЛИ НОЌНИ ШТИТНИЦИ кои имаат за цел да го намалат оштетувањето на забите и да ја намалат болката во мускулите и зглобовите. Се зема отисок од забите на пациентот и се изработуваат индивидуални сплинтови кои се носат во текот на спиењето.

Кај случаеви кога имаме голем губиток од забната супстанца потребна е изработка на металокерамички или керамички коронки како основна терапија за лекување на бруксизмот.

 

 

View the embedded image gallery online at:
https://www.dcpopristovi.com/blog/38-bruksizam#sigProIde5c4720031