Запознајте го Д-р Стево Поп Ристов

Dr. Stevo Pop-Ristov

После завршувањето на средното училиште, се запишува на Стоматолошкиот факултет во Скопје кој го завршува во 1984 година, и отука се вработува како општ доктор стоматолог во државната клиника во Гевгелија. После долги години работно искуство, во 2000 се запишува на специјалистички студии по орална хирургија кои ги завршува во 2004 година,надоградувајќи ги своите знаење секоја година.

Тој има сериозни намери со надоградувањето на своите знаења знаејќи дека доживотното учење води кон прераснување во врвен стоматолог кој е во можност да им понуди најдобри резултати на пациентите. Како директор на Дентал Центар Д-р Стево се залага да го подобри вашето орално здравје како и целокупниот квалитет на живот. Неговата филозофија и цел е: @Секој пациент да биде третиран како член од своето семејство!

Д-р Стево и неговиот тим нудат квалитет и грижа сослушувајќи и разбирајќи ги пациентите. Тој особено ужива во оралната стоматологија и имплантологија. Надвор од поликлиниката, своето слободно време го поминува со својата фамилија и пријатели.