За квалитететна стоматолошка дијагностика и правилна тераписка процедура неизбежно е потребата на Х- зраците. Со самиот клиничкиот преглед стоматолог може да ги забележи само видливите делови во усната празнина( забите,некои надворешни промени на гингивата ) додека со помош на панорамската слика стоматологот може да даде преѕизен увид на здравствената состојба на сите делови од усната шуплика кои не се видливи при клиничкиот преглед.

Дигиталната ренгенографија дава одличен квалитет со минималнао зрачење и краткотрајна излозеност на пациентот. Ова значително ја зголемува безбедноста на пациентот и на персоналот. Предностите на дигиталната рентгенографија даваат одличен квалитет на сликите и го забрзуваат времето на добивање. Нема потреба на развивање на чекање на сликите,сега за неколку секунди ја добивате вашата слика.

Типови на дентални рентгенски снимки

Панорамска снимка е неопходна слика при самиот клинички преглед која овозможува детален преглен на целата максилофацијална регија. Таа дава целосна слика на поставеноста на забите во горната и долната вилица,постоење на скриени кариеси, патолошки процеси околу корените на забите, поставеноста на импактираните заби,цисти или тумори.

Интраорална слика е снимање на еден индивидуален заб која се користи во текот на работа. Во нашата ординација овие слики ги правиме со дигитален апарат Кодак кој е поставен во непосредна близина на стоматолошкиот стол.

3Д слика - Тридимезионалната дигитална слика дава детален преглед на целокупната анатомија( забите,гингивата,коската ,нервите) 3Д сликите им помагаа на нашите стоматолози да ги дијагностицираат ефикасно некои проблематични области,а со тоа да дадат подобра дијаноза и правилен третман.