Наоѓа решение за губиток на еден или повеќе заби и ја враќа нивната природната фукнција и естетика

Ламинати (Veneers) се уметноста во стоматологијата.

Тие се ултра тенки кои се користат за да го корегираат природните изглед на забите а истовремено обезбедуваат сила и еластичност како природниот емајл на забите. Тие се користат за ја промената бојата,формата,големина или должината на забите.

Индикација:

  1. Дисколорирани заби
  2. Неправилен облик на забите
  3. Искрешени (фрактурирани) заби
  4. Затвoрање на дијастема меѓу забите
  5. Издолжување на забите

Ламинатите се минимална инвазивно протетско решение кое со минимално стругање ( дебелина од 0,5 мм) или со никакво стругање ( non – prep veneers ) се прекриваат сите естетски недостатоци на предните заби. Тие се изработени од композит или порцелан.

Коронки се протетски изработки кои се поставуваат на природните заби или на имплантите. Со нив се надоместуваат премногу оштетените заби или естетски неправилните заби. Тие можат на бидат

1. Метал - керамика коронки
2. Цирконија - керамички коронки

Мостови се протетиски изработи кои се изработуваат кога недоставуваат еден или повеќе заби. Нивната цел е да ја пополнат забната низа кај што недостасуваат забите а со тоа ке ја подобрат џвакалната финкција и естетика на човекот.

  • Метал – керамика мост
  • Цирконија
  • Привремен мост (привремено решение додека не се доведат правилни услови за поставување на трајните мостови)

Протези

Протезите се изработуваат кога недостасуваат сите или се останати малку заби. Тие ги недоместуваат изгубените заби и околните ткива. Можат да бидат парцилани или тотални.