Ласерот во оралната хирургија се користи во голем број хируршки интервенции како гингивектомија,френулектомија,кар ортодонска терапија кортикотомија, вестибулопластика како претпотетска терапија. Ласерот наога голема примена во оралната медиција бидејки хирурските интервенции се брзи,безболни,без шиење и крварење,а заздравувањето брзо и без лузна. Имплантологија:

Ласерот во имплантологија се користи за подготовка на местото на имплантот, за побрзо заздравување на раната и лекување на периимлантитис.

Ендодонција

За да биде еден заб излекуван ендонски мора да се изведи според светските стандарти а тоа е обработка на корекските канали со ласерот за правилна дезинфекција пред обтурација на каналите

Пародонтологија

Ласерот во модерната стоматологија има најголема примена во пародонтологија. Составен е од 2 ламби кои имаат различно дејство врз клетките.Црвената ламба се користи за обработка на пародонталниот џеб за остранување на заболеното ткиво,остранување на забниот камен кој е длабоко залепен на корените на забите,ги елиминира бактериите и нивните патогени продукти кои го предизвикуваат заболението. Додека инфрацрвената делува биостимулативно во ткивото и доведува до регенерација на клетките.

Афти и херпеси

Ласерот предизвикува побрзо заздравување и ја намалува болката.

ТМЗ

Бенефит од ласерксата стоматологија

  1. Не е потребно апликација на анестезија кај сите ласерски интервенции
  2. Нама крварење
  3. Нема дополнителни инфекции
  4. Нема шиење
  5. Минимално оштетување на околното ткиво
  6. Побрзо заздравување