Platelen Rich Plasma (PRP ) Плазма богата со тромбоцити е нов пристап за регенерација и побрзо заздравување на ткивата во многу стоматолошки процедури и оралната хирургија,ПРП особено место зазема во пародонтологијата.

PRP се добива со центрифугирање на крвта од пациентот која содржи фактори за раст кои предизвикуваат намалено крварење ,побрзо заздравување и регенерација на меките и тврдите ткива.

Platelen Rich Plasma е потполно сигурна и безопасна процедура затоа што се користи исклучкиво крвта од самиот пациент. Процесот започнува со вадење на крвта од пациентот која се става во апарат за центрифугирање и од неа се оделуваат црвените крвни зрнца.

Процесот на центрифугирање на крвта е брз и едноставен и за неколку минути добиваме плазма и фибрин кои се користат како биолошки автотрансплантат.

Каде се користи ПРП?

  • PRP при екстракциона рана: Намалено крварење ,побрзо заздравување, помалку непријатности и оток
  • PRP кај денталните импланти: PRP при вградување на денталните импланти предизвикува формирање на нова коска и регенерација на околните ткива. Спречува настанување периимплантитис
  • PRP во пародонтологијата: Факторите за раст кои се наоѓаат во ПРП ја стимулираат активноста на остеобластите и ангиогенезата кои се клучни фактори во процесор на заздравување и регенерација на ткивата и коската. Процесот на плазма во гингивата се изведува под анестезија.