Ортодонција е специјалистичка гранка во стомаотлогија која се занимава со откривање, дијагностицирање и лекување на неправилностите во положбата на забите и вилиците кај децата и возрасните. Важноста на ортодонтската терапија не е само во исправување на забите и добивање убава насмевка, односно добивање на правилна џвакална функција, оклузија и меѓувиличен однос. Ортодонтската терапија е многу важна и најдобро е да се изведе во периодот на раст и развој на вилиците бидејќи тогаш може да се влијае брзо и лесно на неправилностите.

Многу често ортодонтската терапија е потребна како припремна терапија пред протетска и имплантолошка интервенција за да се добие убава естетска и правилна функција.

Зошто е потребна ортодонтска терапија?

Неправилната оклузија и поставеност на забите се подложни на зачестеност на кариес и воспаление на гингивата (гингивитис) поради неможност за одржување на правилна орална хигиена.

Некои од неправилностите на забите и вилиците кога е потребно носење на мобилни апарати или фиксни протези.

  • Исправување на заби
  • Пренатрупеност или хиподонција (недостаток на заби)
  • Затварање на простори меѓу забите
  • Исправување на изместени или заби кои се импактирани (најчесто канините)
  • Третирање на неправилен загриз
  • Третирање на неправилен однос на вилиците (overjet, overbite, underbite)

Ортодонтската терапија може да се третира со мобилни апарати или фиксни протези.

Мобилни апарати:

  • Функционални апарати за модификација на растот
  • Мобилни апарати за поместување на забите
  • Комбиниран функционален и активен третман
  • Myobrace

Фиксни протези

  • Класични метални протези
  • Порцелански протези
  • Сафирни протези
  • Метални самолигирачки протези
  • Самолигирачки порцелански протези
  • Damon метални или порцелански протези
  • Лингвални протези
  • Invisalign sistem